Помина првиот круг од претседателските и парламентарните избори во Турција, каде долгогодишниот лидер Реџеп Таип Ердоган се соочува со најсилната опозиција во неговото 20-годишно владеење. Турските медиуми јавуваат за исклучително висока излезност.
На изборите во Турција учествуваат сите, вклучително и постарите и лицата со посебни потреби.
Гулу Доган, 112-годишна жена која е најстарата личност во Гумушане во регионот на Црното Море во Турција, инсистираше да гласа на нејзиното локално избирачко место со своите деца и внуци.
Решила лично да дојде на избори иако имала можност да гласа преку мобилна гласачка кутија.
Највисокиот човек на светот, Султан Косен, висок 2,51 метри, гласаше во градот Дерик во областа Мардин.
„Посакувам најдобро за нашата земја, инша Аллах (Ако даде Господ)“, ја цитираат локалните медиуми неговата изјава по гласањето.