ГОЛЕМ ПОЖАР БЕСНЕЕ НА ТЕНЕРИФЕ – Островот е под силен чад – итно евакуирани пет села 

На островот Тенерифе, најголемиот од седумте острови на Канарскиот архипелаг, беснее шумски пожар, а според информациите на тамошните функционери веќе се изгорени 1.800 хектари и се прекриени со густ чад, а пет села се евакуирани.

Шумскиот пожар во Тенерифе е „надвор од контрола“ поради што властите наредиле затворање на патиштата и евакуација на пет села, пишуваат тамошните медиуми..

Пожарот излезе од контрола и сценариото всушност не е многу позитивно. Нашата цел е да го спречиме ширењето на пожарот. Ова е тежок ден“, изјавил првиот човек на регионалната Влада, Фернандо Клавио, на прес-конференција во Тенерифе.

Тој додал дека околу 250 пожарникари, 13 авиони и хеликоптери, вклучително и три авиони, биле испратени од копното на Шпанија и биле ангажирани во локализирањето на пожарот во тешко пристапната област.

Според него, околу 1.800 хектари веќе се претворени во пепел, а селата Арате, Чивисаја, Медиа Монтана, Ајафона и Лас Лагунетас во средата претпазливо се евакуирани поради густиот чад.

Локалните власти ги затвориле патиштата што водат до планините на североистокот на островот, а првиот човек на локалниот оддел за цивилна заштита апелира до населението да ги почитува сите блокади на патиштата.