Голем пожар зафати фабрика за ацетон во Русија, одекнуваат експлозии

Фабрика за производство на ацетон гори во рускиот регион Ленинград. Пожарникарите се обидуваат да го стават под контрола пламенот, а засега нема информации за повредени.

Според Ројтерс, се уште не е познато што го предизвикало пожарот во оваа индустриска фабрика.

Во текот на изминатата ноќ нема извештаи за напади со украински беспилотни летала во областа зафатена од пожарот.

Пожарот зафатил 1.600 метри квадратни, а подалеку се уште се слушаат експлозии.

Од друга страна, дел од корисниците на социјалните мрежи кои споделуваат снимки од пожарот тврдат дека во фабриката удриле украински дронови.

Сепак, оваа информација се уште не е официјално потврдена.