ГОЛЕМ ПОЛИТИЧКИ ЗЕМЈОТРЕС ЈА ТРЕСЕ ЕВРОПА – Миленикот на Русија и противник на НАТО на чекор да стане прв човек на земја-членка на ЕУ: “Тој е тројанскиот коњ на Кремљ!“

Словачка е на пресврт: Дали проруски кандидат ќе победи на изборите во еден од најверните сојузници на Украина ? Општите избори во Словачка на 30. септември ќе бидат тест за европското единство по прашањето за Украина, пишува весникот New York Times (NYT). 

Според анкетите на повеќе релевантни агенции, фаворит на изборите е поранешниот словачки премиер, Роберт Фицо, е крајно проруски настроен и се противи на континуираната помош за Украина.

Досега, противењето на помошта за Украина беше главно ограничено на маргиналните делови од политичката сцена на европските земји. Но, анкетите во Словачка го поддржуваат Роберт Фицо, кој вети дека ќе ја запре словачката испорака на оружје за Украина, ги осуди санкциите против Русија и се побуни против НАТО.

Двете страни се во жесток конфликт, секоја ја обвинува другата дека нивната кампања ја финансира Русија или НАТО. Поранешниот министер за одбрана, Јарослав Наќ, ја нарекува партијата СМЕР на Роберт Фицо како руски тројански коњ. Јарослав Наќ ова лето тврдеше дека според разузнавачките податоци, Словакот што тој не го именува ја посетил Русија за да добие пари за СМЕР – што предизвика бура од контраобвиненија.

Словачка беше првата земја што испрати ракети за противвоздушна одбрана и борбени авиони во Украина. Доколку Роберт Фицо победи сега, унгарскиот премиер Виктор Орбан повеќе нема да биде единствениот лидер во Европската унија и НАТО кој силно се противи на помошта за Украина.

Русија е среќна, тие работеа напорно за да ја искористат Словачка како клин за да ја подели Европа“, вели Растислав Кацер, поранешен министер за надворешни работи на Словачка

Силното ширење на прорускиот став се објаснува со големото јавно незадоволство предизвикано од меѓусебните конфликти на прозападните словачки политичари кои дојдоа на власт во 2020 година, но со русофилизмот, кој во Словачка датира од 19 век.

Само 40 отсто од Словаците ја обвинуваат Русија за војната во Украина, додека 51 отсто сметаат дека или Украина или Запад се „главно одговорни“ за војната. Во Полска 85 отсто ја обвинуваат Русија, во Чешка 71 отсто, покажува истражувањето на јавното мислење на агенцијата Globsec од март.

Проруските пропагандисти во Словачка ги вклучуваат Hlavné správy, популарните антиамерикански конзервативни медиуми, како и моторџиската група „Брат за Брат“. Словачките моторџии се поврзани со руската мотоциклистичка банда „Ноќни волци“ која јавно го подджува Владимир Путин. Еден од авторите наHlavné správyБохуш Гарбар, беше осуден за шпионажа оваа година, откако беше снимен како зема пари од руски воен аташе, кој оттогаш беше протеран. Словачкиот уметник Петер Калмус (70 г.) вели дека бил претепан од членовите на таа моторџиска група минатиот месец откако го уништил советскиот воен споменик во Кошице во знак на протест против руските злосторства во Украина.

Расположението во Европа се менува, тврди Џубош Блаха, поранешен член на хеви метал бенд и автор на книги за Ленин и Че Гевара, актуелен заменик-претседател на политичката партија на Роберт Фицо, СМЕР. За него војната во Украина е војна на американската империја против руската империја. Џубош Блаха е еден од најгласните и највлијателните застапници на Русија на социјалните мрежи. Тој редовно ја прозива либералната претседателка Зузана Чапутова за наводен фашизам и тврди дека проукраинските министри се „американски марионети“. Тој е убеден дека наскоро повеќето земји ќе бидат против вооружувањето на Украина, особено ако Доналд Трамп биде реизбран за претседател на САД.