Голем скандал ја тресе Шпанија – се огласи и премиерот: Претседателот на шпанската ФА зграпчи фудбалерка и ја бакна: Неприфатлив гест! (фото)
Шпанскиот премиер Педро Санчез изјави дека постапката на претседателот на фудбалскиот сојуз Луис Рубиалес, кога ја бакна во уста фудбалерката Џени Хермосо, е „неприфатлив гест“ и дека неговото извинување „не е доволно“.
Претседателот на шпанската ФА, Рубиалес, ја бакна во уста фудбалерката Хермосо по победата на Шпанија со 1-0 над Англија во финалето на Светското првенство за жени во неделата.
,,Она што го видовме беше неприфатлив гест“, рече Санчез, а пренесе Би-би-си.
Рубиалес се извини во понеделникот и рече дека погрешил.
„Извинувањата на Рубијалес не се доволни, дури мислам дека не се адекватни. Тој мора да се обиде да го разјасни она што го видовме. Фудбалерките направија сè за да победат, но однесувањето на Рубиалес покажува дека има уште долг пат до еднаквоста. “, додаде премиерот.
Вториот потпретседател на шпанската влада, Јоланда Дијаз, побара оставка од Рубиалес.
,,Неговите оправдувања се бескорисни. Репрезентацијата ни покажа многу за еднаквоста, не само во спортот и фудбалот. Ни покажа дека во нашата земја има уште многу да се направи за да се изедначат мажите и жените“, рече Диас.
Шпанската министерка за еднаквост, Ирене Монтеро, изјави дека тоа е облик на сексуално насилство што жените го трпат секој ден.