ГОЛЕМ УКРАИНСКИ НАПАД НА СЕВАСТОПОЛ: Истовремен напад со крстосувачки ракети и поморски беспилотни летала, погодени бродови на руската флота

Украинската армија рано утринава изврши голем ракетен напад врз пристанишниот град Севастопол на Крим , објави прорускиот гувернер на регионот, Михаил Развозаев.

Тој на социјалната мрежа Телеграм напиша дека нападот предизвикал пожар на „нецивилна цел“ и дека 24 лица се повредени .

Неколку новински канали на Телеграм објавија дека гори бродоградилиштето во кое се градат и поправаат бродовите на руската Црноморска флота.

Погоден е и рускиот воен брод од класата „Ропуча“ , долг 112,5 метри, со погон од 2.200 тони .

Оваа информација ја потврди и руското Министерство за одбрана, додавајќи дека се оштетени два брода кои биле на ремонт на бродоградилиштето.

Русите додаваат дека нападот бил извршен со 10 крстосувачки ракети и три поморски беспилотни летала . Руската страна тврди дека сите поморски дронови биле уништени од патролниот брод Василиј Биков.

Официјален Киев се уште не објави.