Голманот на Астон Вила го постигна најлудиот автогол во сезоната во 2. минута против Ливерпул (видео)
Аргентинскиот голман Емилијано Мартинез го постигна можеби најлудиот автогол сезонава во Премиер лигата, на мечот меѓу неговата Астон Вила и Ливерпул!
Беше 2-та минута кога Мартинез испушти навидум лесна топка, а потоа, во обид да ги поправи работите, ја фрли со рака зад сопствениот гол.
За Ливерпул овој натпревар е прилично неважен – затоа што ќе останат трети на крајот од сезоната. Сепак, на Астон Вила и’ ,,гориме под нозе“ и ја брка таа четврта позиција што ја носи Лигата на шампионите. Моментално имаат четири бода повеќе од Тотенхем и доколку загубат ќе ги искомплицира работите.