Гол маж врзан за дрво и брутално убиен со нож! Устата му била врзана со селотејп

Мажот кој беше пронајден мртов во Добој е убиен на многу суров и брутален начин, а полицијата трага по лица кои можеби се поврзани со злосторството!

АТВ наведува дека телото било пронајдено голо и врзано за дрво во шумата кај Добој.

– Еден човек е убиен со нож. Беше врзан за дрво и имаше селотејп на устата. Инспекторите дознале дека маж и жена можат да бидат поврзани со злосторството – вели извор близок до истрагата.

Истиот извор открива дека мажот бил приведен во текот на денот, а понатамошната потрага ги одвела истражителите во Бања Лука, каде во населбата Старчевица е приведена жена, која е осомничена дека е поврзана со бруталното убиство во Добој.

Таа врз основа на автомобилот била лоцирана во Бања Лука и е задржана за понатамошна кривична истрага.

Повеќе детали ќе бидат познати по завршувањето на истрагата.

Полициската управа Добој претходно соопшти дека во месноста Добој е пронајдено тело на непознато лице.