СВИРЕПИОТ УБИЕЦ ОД ПРАГА ОСТАВИЛ ПРОШТАЛНО ПИСМО во кое признал дека убил двомесечно бебе и нејзиниот татко, а потоа тргнал во крвав поход (ФОТО)

Давид Козак (24) на чешкиот универзитет уби вкупно 14 лица, а рани 25, а потоа беше потврдено дека пред масакрот извршил уште едно грозоморно злосторство.

Студентот на Филозофскиот факултет во Прага, кој на 21 декември со пушка уби 14 студенти и професори, а потоа и себеси, а рани 25, во прошталното писмо признал дека убил млад татко и неговото двомесечно бебе недела порано, кога се шетале во шумата на периферијата на Прага. При увидот, полициските службеници покрај прошталното писмо го откриле и оружјето што мажот го користел.

– Во селото Хостоуњ во текот на истрагата е пронајдено проштално писмо во кое убиецот го признава убиството во шумата во населбата Клановице . Засега не можеме да кажеме што точно пишува во писмото, бидејќи истрагата е во тек, проверуваме низа настани и испрашуваме луѓе – изјави за Novinky.cz портпаролот на полицијата Јан Дањек .

Да потсетиме, шефот на чешката полиција Мартин Вондрашек веќе во раните вечерни часови во четврток на 21 декември, односно неколку часа по масакрот на Филозофскиот факултет во Прага на плоштадот Палач, каде што 24-годишниот Дејвид Козак уби вкупно 14 луѓе и рани 25 рече дека е „многу веројатно“ дека човекот е одговорен и за двојното убиство на 32-годишен маж и неговата двомесечна ќерка во шумата Klánovicka les на 15 декември.