ГОРАТ УЛИЦИТЕ ВО ДРЕЗДЕН: Низ градот одекнаа низа ЕКСПЛОЗИИ, издадено е АЛАРМАНТНО предупредување (ВИДЕО)

Пожарот бил проследен со силни експлозии кои предизвикале густ чад и развиле висока температура.

Повеќе експлозии одекнаа во Дрезден, Германија, во 14:08 часот.

Како што пренесува „Билд“, повикувајќи се на извори од противпожарната служба, експлозиите се случиле на аголот од улиците Шефера и Валтер.

„Имаше пожар на гасоводот таму, што предизвика експлозии. Неколку возила горат, меѓу кои и багер“, изјави Мајкл Кларе, портпарол на противпожарната служба во Дрезден.

Според првичните информации, во инцидентот нема повредени.

„Противпожарната бригада постави бариери за да ги заштити околните згради од високата температура“, додаде Кларе.

Пожарот, како што пренесува „Билд“, бил проследен со силни експлозии кои предизвикале густ чад и развиле висока температура. На жителите од тој дел на Дрезден им било препорачано да ги затворат прозорците и да ги исклучат клима уредите и системите за вентилација.

Во тој случај, изјавија од итните служби, не би требало да има негативни ефекти врз населението.