Гори архивата на Основниот суд Куманово

По полноќ изгоре просторот во кој се чуваше архивата на Основниот суд Куманово.

Од Центарот за управување со кризи велат дека пожарот е локализиран, но дека на терен се уште има противпожарни екипи.

„Кумановските пожарникари од 01:35 часот интервенирале во опожарената зграда во подрумските простории на зградата на Основниот суд во Куманово, каде се наоѓа архивата на Судот. За гаснење на пожарот интервенирале седум пожарникари со две противпожарни возила. Пожарот е локализиран, но екипа на пожарникари во Куманово се уште е на терен“, велат од ЦУК.