Горјан Петревски: Колку и да има жалби дека денешните генерации не читаат, наидувам на ученици кои сè уште другаруваат со книгата

– Колку и да има жалби дека денешните генерации не читаат, наидувам на ученици коишто навистина сè уште другаруваат со книгата. Ова го истакна денеска писателот Горјан Петревски во Кавадарци. 

Тој се сретна со ученици, во библиотеката на основното општинско училиште „Тоде Хаџи-Тефов” од Кавадарци. 

Петревски изрази задоволство што гостува во Кавадарци. Со учениците, поразговара околу пишаниот збор. Тие се интересираа за неговиот живот и творештво, за ликовите во неговите дела, за неговата инспирација. 

Писателот рече дека постојано пишува и најави и два нови романи. 

Директорката на училиштето Марија Трајкова рече дека радува фактот што во училиштето се школуваат ученици што сакаат да читаат, љубители се на пишаниот збор, а овде функционираат и литературна и драмска секција. 

Претходно, писателот гостуваше во основното општинско училиште „Пере Тошев“ од Росоман.