Трамп се појави пред судот во Мајами во вторник и се соочи со десетици обвиненија за незаконско задржување доверливи информации.
Вилијам Бар, поранешен јавен обвинител на САД, кој служеше во периодот кога Доналд Трамп беше претседател на САД, рече дека поранешниот претседател е „готов“ доколку се докаже дека се точни тврдењата дека неправилно постапувал со доверливи документи.
Бар го критикуваше својот поранешен шеф и рече дека нема право да чува досиеја наводно пронајдени во неговиот дом. Трамп се појави пред судот во Мајами во вторник и се соочи со десетици обвиненија за незаконско задржување доверливи информации.
Тој постојано негираше дека сторил нешто лошо.
Зборувајќи за Фокс њуз во неделата, Бар, кој служеше како државен обвинител од февруари 2019 до декември 2020 година, е на страната на обвинението од 37 точки објавено во петокот од специјалниот советник Џек Смит.
– Бев шокиран од степенот на чувствителност на овие документи и колку ги има… И мислам дека се основани точките во кои е наведено дека намерно ги задржал тие документи, врз основа на Законот за шпионажа. Ако дури и половина од тоа е вистина, тогаш тој е готов. Тоа е многу детално обвинение и е многу осудувачко – рече Бар.
73-годишникот некогаш беше еден од најблиските сојузници на Трамп, но стана сè покритичен кон него откако ја напушти функцијата. Набргу по давањето на интервјуто, Трамп го опиша како „незадоволен поранешен вработен“ и „мрзлив јавен обвинител кој беше слаб и целосно неефикасен“.
Многу истакнати републиканци не сакаа да го критикуваат поранешниот претседател, кој е фаворит да биде претседателски кандидат на партијата во 2024 година, и наместо тоа го насочија Министерството за правда и пошироката истрага.