„Го видов Путин, ,,пука” од самодоверба“: Вучиќ накратко разговарал со рускиот претседател во Пекинг
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ денеска во Кина разговараше со лидерот на таа земја Си Џинпинг.
Со Кина потпишаа исклучително важен договор за слободна трговија со кој ќе бидат опфатени 10.412 српски тарифни позиции, односно производи и 8.930 од кинеска страна.
Александар Вучиќ вели и дека во Кина имал краток разговор со рускиот лидер Владимир Путин.
– Го видов претседателот Путин, разговаравме накратко. Билатерална средба немаше. Гледам дека ,,пука” од самодоверба, и дека имал важна средба со Си и Орбан – рече претседателот на Србија.
Тој посочи дека Кина целосно ја разбира позицијата на Србија.
– Најдовме апсолутно разбирање за нашите кинески пријатели кога станува збор за Косово и Метохија. Разговаравме за инфраструктурно поврзување и секако за зголемен број инвестиции, за натамошно формирање на авиокомпании – додава Вучиќ.