ГО ДОНЕСЕ СВОЈОТ ПОРАНЕШЕН СОПРУГ ДА ГЛЕДА КАКО СО ПОРАНЕШНИОТ ЉУБОВНИК СЕ КАЧУВА НА ТРОНОТ: Камила го направи она што ниту една жена го нема! Се појави и ТОЈ

Меѓу многуте достоинственици кои присуствуваа на крунисувањето на кралот Чарлс и кралицата Консорт Камила беше и нејзиниот поранешен сопруг, Ендрју Паркер Боулс.

Ендру и Камила се венчаа во 1973 година. Тие беа во брак 22 години и имаат две деца, синот Том и ќерката Лора. Бракот беше нарушен со постојани гласини дека Камила го изневерувала со Чарлс, но приказната оди многу подлабоко од тоа.

Љубовен триаголник

Освен Камила, Ендру на крунисувањето се виде со уште една поранешна љубов. Станува збор за сестрата на Чарлс, принцезата Ана, која во младоста била заљубена во него .

Имено, познато е дека Чарлс и Камила биле блиски во младоста, а принцезата Ана тогаш била вљубена во Ендру. Двојката мораше да ја прекине врската бидејќи кралското семејство не дозволи брак со католик.

Бурно минато

Не долго по раскинувањето, Ендру се ожени со Камила, а Чарлс се ожени со Дијана осум години подоцна. Сепак, секогаш се шпекулираше дека принцезата Ана не се откажала од љубовта, и дека ја продолжила аферата со Ендру, додека Чарлс ја продолжил аферата и со Камила.

Интересно е и тоа што Ана и беше кума на ќерката на Ендрју на крштевката, но познато е дека Ана и Камила никогаш не се согласуваа, а тоа беше токму поради Ендру, па многумина беа изненадени од неговото доаѓање на крунисувањето.