Вучиќ ќе се обрати на јавноста вечерва во Дневник РТС

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ вечерва од 19 часот и 30 минути на Радио-телевизија на Србија ќе и се обрати на јавноста, јави дописникот на МИА од Белград.

Според ТВ Н1 и весникот Данас, причината за гостувањето се актуелни теми по двата страшни масакри што и се случија на Србија, како и предложените мерки, но официјално не е објавено за што точно ќе зборува.

Како што најавија претходно медиумите блиски до владејачката структура, Вучиќ во понеделник треба да соопшти „далекусежни политички одлуки кои ќе ја променат Србија“, а трите можности се прифаќање оставки на премиерката Ана Брнабиќ и Владата, општи избори и оставка на претседателот на државата.

Според истите извори, ова бил заклучокот од состанокот на владејачката СНС одржан вчера, на кој присуствувал и Вучиќ.