„Го закопав татко ми во куќата и ја покрив со бетон“: Давид раскажа ужасни детали како осум години го криел телото на Бранислав
Осум години никој не знаеше дека Бранислав е мртов.
Давид Д. (53), придружуван од двајца бранители, дошол во Третото основно јавно обвинителство во Белград да пријави дека пред осум години го нашол мртов татко му Бранислав Д., а потоа го закопал во куќата каде што живеел .
Како што изјавил Далибор Д. во обвинителството, тој во октомври 2016 година дошол во куќата на неговиот татко и го нашол мртов на каучот. Потоа ископал дупка на подот со големина од еден метар во која го закопал својот татко.
– Откако го закопав татко ми, на тој дел од подот ставив кошулица, т.е го наполнив со бетон. Потоа одозгора ставив линолеум – изјави во обвинителството Давид Д.
Тој објасни дека тоа го направил за да може да продолжи да ја добива пензијата на татко му, за која веќе имал полномошно за да може да ја повлече.
Како што раскажала сосетката за Телеграф.рс, од Бранислав слушнала за неговиот син Давид. Синот на соседот го видела, како што рекла, само два пати. Еднаш додека неговиот татко се уште бил во куќата и еднаш по неговото исчезнување. Меѓутоа, таа не знаела дека Бранислав исчезнал. Кога прашала за соседот со кој, како што истакнува, имала одлични пријателски односи, неговиот син и рекол дека татко му е во старечки дом.
– Му реков дека многу би сакала да го видам, но тој ми одговори дека татко му е сенилен и не ги препознава луѓето – рекла сосетката.
Осум години откако Бранислав исчезна од куќата во која живееше, пронајдени се остатоците од неговото тело.