Го запали интернетот: Просјак донел вреќа со монети и купил Ајфон – сите зборуваат за ова (ВИДЕО)

Видеото стана вирално со молскавична брзина! Досега на Инстаграм го погледнале 34 милиони луѓе, со 3,4 милиони лајкови

Видеото кое кружи на социјалните мрежи практично го запали интернетот. Имено, маж преправен во просјак влегол во продавницата на Apple за да купи нов iPhone 15, а со себе носел кеса со монети за да го плати телефонот. 

Овој социјален експеримент е дело на тимот од YouTube каналот „Experiment King“. Целиот настан се случил во индискиот град Џодпур.

Лажниот просјак посетил неколку објекти, во повеќето не успеал да влезе, додека неколку објекти не сакале да примат метални пари. Но, по извесно време наишол на продавница која не го одбила, дури и сопственикот лично му предал скап мобилен телефон.

Видеото стана вирално со молскавична брзина! Досега на Инстаграм го погледнале 34 милиони луѓе, со 3,4 милиони лајкови.