Го запросила двапати, дури после 33 години конечно кажала „да“ – тајно

Иако се заедно повеќе од три децении, тајната венчавка се случи дури неодамна.

Ричард Кертис (66), познат британски сценарист и продуцент на бројни филмови, меѓу кои „Love Actually“ и „Notting Hill“, и водителката Ема Фројд (61), конечно се венчаа по 33 години заедно.

Покрај тоа, имаа и два обиди за свршувачка, кога водителката и двата пати го запроси својот емотивен партнер, но – неуспешно. Првиот пат ја отфрли, а вториот го преспа.

Ема дури неодамна случајно ѝ откри на јавноста дека се венчале, за време на едно интервју кога и„излета“, а извори за британски „ Сан “ велат дека признала дека биле во брак четири недели.