Владата ќе ги корегира платите на функционерите во Македонија

За време на неговото учество во емисијата „24 Вести“, заменик премиерот Фатмир Битиќи рече дека ќе го предложат законот за корекција на платите на функционерите.

Тој најави дека ќе има решение на законот со кој ќе се изврши корекција на законот за плати на избраните и именуваните лица со цел, како што рече, да се дојде до поправедно решение со кое ќе се ослободат средствата што да бидат определени за антикризни мерки за најранливите категории.

Владата назначи четворица министри да воведат нови мерки против кризата.

Битиќи објасни дека со прераспределбата на буџетот ќе има околу 70 милиони евра за новите антикризни мерки и дека за неколку дена во јавноста ќе биде претставен новиот пакет.