“Го изневерив мажот 7 дена пред свадбата во тоалетот во барот каде правев моминска вечер и тоа го криев”: Сопругот дознал после 10 години и направил нешто необично
Писателката од Америка, Евангелина Грејс, цела деценија чуваше тајна од својот партнер, а потоа следеше неверојатен пресврт.
Евангелина Грејс, писателка од Америка, била многу вљубена во нејзиниот сега веќе поранешен сопруг Џејдан. Меѓутоа, кога решиле својата љубов да ја крунисаат со брак, таа не била подготвена да се смири и да се посвети на семејниот живот .
Наместо да каже што било, таа зазеде линија на најмал отпор и направи нешто катастрофално – имаше секс со друг маж во тоалетот во еден бар, само неколку дена пред сопствената свадба и на нејзината моминска вечер!
„Иако навистина го сакав, бев исплашена од помислата дека треба да бидеме засекогаш врзани еден за друг, па мојата желба да изневерам дојде од тоа , како многу незрел потег“, признава Евангелина.
Таа се сеќава дека била бесна за време на нејзината моминска вечер, бидејќи била сè повеќе свесна за тоа што следува за неколку дена. Пиела многу, а додека се враќала од тоалет налетала на непознат маж со кој почнала да разговара, а набрзо се нашле во тоалетот и имале интимен однос кој таа го опишува како „разуздан и бездушен“.
Решила да го премолчи целиот настан и да се преправа дека ништо не се случило, па свадбата сепак била планирана, а никому не кажала што се случило, пишува Дејли Мејл.
„Во текот на целата церемонија ми беше мака, чувствував ужасен срам, а најмногу кога го гледав колку е среќен и горд. Едноставно не можев да му го скршам срцето. По нашиот прв бакнеж, плачев, но не од среќа, иако му кажав дека тоа е причината“, објаснува таа.
Оваа тајна Евангелина ја чувала со години, додека нејзината пријателка Нина не забележала дека е се понесреќна, па ја принудила да и се довери.
Пријателката била многу разочарана и и рекла дека не смее повеќе да манипулира со Џајдан и дека ако Евангелина нема храброст, тогаш ќе мора таа да му ја каже вистината. Така и беше.
Поранешниот сопруг, по првичниот шок, се однесувал како вистински џентлмен, без лош збор, само поднел барање за развод и ја замолил да го напушти неговиот живот, кој таа го уништила за неколку секунди.
„Мислев дека го штитам со тоа што не му кажувам ништо, а потоа сфатив дека со молчењето му го ускратив правото да избере дали сака да биде со мене и покрај тоа што го направив или не“, заклучува Евангелина.