ГО ИСПОЛНИЛА ПРЕДИЗВИКОТ ДА СПИЕ СО 300 МАЖИ ЗА ЕДНА ГОДИНА: Сега има нова ЦЕЛ

Го исполнила предизвикот да спие со 300 мажи за една година, а ова е новиот предизвик кој си го поставила.

Таа изјавила дека е сингл веќе три години и е неискусна кога е во прашање додворувањето со момците. Предизвикот наречен „52 средби за 52 недели“ започна во април. Таа вели дека досега била на 25 средби.

„Некои мажи изгледаа подобро на фотографии отколку лично и лажеа за својата висина. Некои од нив беа многу груби со келнерите, па јас веднаш си заминав “, рекла оваа 26-годишна девојка.

Таа додаде дека морала да одмори една недела бидејќи овој процес е „исцрпувачки“.

“Не знам што не е во ред со мене. Гледам некого на интернет и создавам идеална слика за него во мојата глава. Кога не ги исполнува моите очекувања, се разочарувам. Најверојатно треба да посетам психолог. Всушност, посетувам психолог, но не зборуваме за љубовен живот“, се пожали таа.

Но сепак се надева дека ќе успее да најде љубов.

„Многу сум пребирлива, но имаше пет момци со кои бев на втор состанок“, рече таа.

Претходно, за време на гостувањето во „The Kyle and Jackie O Show“, таа сподели дека спиела и со мажи и со жени.

“Потоа се чувствував засилено. Сексот ме прави да се чувствувам добро”, рекла Ени.