„ГО ЛАЖАТ ЦЕЛИОТ СВЕТ“ – Се огласи Путин во врска со кризата за извоз на жито: „ПОКАЖАВМЕ ЧУДЕСНА ИЗДРЖЛИВОСТ, ТРПЕНИЕ И ТОЛЕРАНЦИЈА“
Путин истакна дека персоналот на ОН искрено се обидел да се исполнат сите обврски на Западот, но дека не успеале.
Русија е подготвена веднаш да се врати на договорот за извоз на жито од пристаништата на Црното Море доколку се исполнат сите претходно договорени услови за руско учество во таа иницијатива и да се врати „оригиналната хуманитарна суштина“ на договорот, изјави рускиот претседател Владимир Путин на средба со претставници на Владата на Руската Федерација.
Според неговите зборови, западните земји целосно ја извртеле суштината на овој договор, што доведе до генерирање профит за европските компании и загуби за руските компании и производители, пренесува ТАСС.
– Русија постојано го продолжуваше договорот за жито, покажувајќи чудесна издржливост, трпение и толеранција, но никој не сакаше да исполни какви било обврски кон нашата земја – рече Путин и нагласи дека Русија мора да се справи со „ароганцијата и дрскоста“, како и со „ветувањата и празните приказни“ на Западот.
– Западот направи се што можеше за да го наруши договорот, а сега западните земји практично го лажат целиот свет и тврдат дека Русија е наводно виновна за прекршување на овој договор – рече рускиот претседател.
Путин истакна дека персоналот на ОН искрено се обидел да ги исполни сите обврски кон Западот, но дека не успеале.
Според него, договорот за жито доведе до директни загуби за руските земјоделци.
Путин истакна дека со сличен проблем се соочуваат и руските производители на ѓубрива.