ГО НАРЕКУВААТ ‘БЕСМРТЕН’ – Силвио Берлускони излезе од одделението за интензивна нега, но останува во болница: “Тој е префрлен на одделение за редовно лекување“
Поранешниот премиер на Италија, Силвио Берлускони во неделата го напушти одделот за интензивна нега, каде што беше од 5. април, но сепак останува во болница, пишува најголемиот италијански весник Corriere della Sera.
86-годишниот медиумски магнат, кој се наоѓа во познатата болница „San Raffaele“ во Милано поради инфекција на белите дробови и хронична леукемија, е преместен на одделение за редовно лекување, пишува весникот, повикувајќи се на извори блиски до неговото семејство.
Поради неговата политичка долговечност и реизборот во Сенатот во 2022 година, тој го доби прекарот „Бесмртен“. Неговата инфекција на белите дробови е поврзана со хронична миеломоноцитна леукемија, од која боледува веќе некое време.
Силвио Берлускони, еден од најбогатите Италијанци чиј имот магазинот Forbs го проценува на 6,4 милијарди евра, во последните години неколку пати беше хоспитализиран (примен) во болница.
Минатиот месец тој помина четири дена во истата болница.
Силвио Берлускони, кој влезе во политиката во 1994 година, беше премиер на Италија вкупно девет години. И покрај низата сексуални и судски афери кои му ја нарушија репутацијата, тој ужива симпатии на многу Италијанци но и на многу луѓе ширум светот.