СТРАШНИ СЦЕНИ- Нелегален тренер на кучиња пронајден мртов во неговиот двор: Гол и изнемоштен, а над него стоеле три големи кучиња (ФОТО)

Полицијата ја повикал соседот кој го видел кучето како влече голо тело низ дворот

Нелегален тренер на кучиња, бил пронајден гол и мртов во неговиот заден двор, а неговите кучиња го влечеле телото.

Како што пишува Дејли Мејл, Рикиана Хиравани (33) е пронајден мртов во дворот позади неговиот дом во Крајстчерч, Нов Зеланд, опкружен со три големи, бели кучиња. Полицијата ја повикал соседот кој го видел кучето како влече голо тело низ дворот. Почнал да му вика на кучето да го остави телото и веднаш да отишол да ги алармира службите. Не беше сигурен дали соседот е воопшто жив.

Набрзо на адресата пристигнале вооружени полицајци, подготвени да се борат со кучињата. Едното било во предниот двор, од каде веднаш било префрлено во прифатилиштето. Другите две сè уште го влечеле телото во задниот двор, но и тие брзо биле фатени и испратени во истиот стационар.

Се уште не се знае кога и како починал мажот, но полицијата веднаш соопшти дека засега нема сомнителни околности во неговата смрт. Истрагата се уште е во тек, но не се работи за насилство.

Соседите на полицијата и изјавиле дека мажот не се грижел добро за кучињата, а се занимавал со недозволено чување за да заработи пари продавајќи кученца. Тие потврдија и дека ова не е прва посета на полицијата во таа куќа, но не знаат зошто порано точно имаат дојдено.