Го платија 75 милиони евра, а не покажа ништо! Фудбалската ѕвезда е мета на критики: ,,Кога плаќате толку пари, очекувате најмалку 15 голови!”

Славниот ас на Арсенал и француската репрезентација Вилијам Галас е имаше жесток говор против германскиот фудбалер Каи Хаверц.

Германецот летово пристигна во Арсенал од Челзи во трансфер вреден 75 милиони евра, но не ги оправда големите очекувања.

Галас смета дека Арсенал направил огромна грешка со доведувањето на Хаверц.

,,Воопшто не сум импресиониран. Тој нема направено ништо откако дојде во Арсенал. Тој постигна еден гол, но тоа беше само затоа што Одегард му дозволи да изведе пенал. Тој воопшто не направи ништо и е промаршено засилување, “, вели Галас и додава:

„Мислам дека Арсенал згреши со тоа што го доведе. Ако потрошите толку пари на напаѓач, тогаш очекувате 15 гола во сезона. Мислам дека тоа нема да се случи. Играше три години за Челзи, го познава Лондон и Премиер лига. Потребно е време да се навикнеш на нов тим, но тоа време помина“.

Хаверц потпиша договор со Арсенал до 2028 година.

Сезонава на 12 натпревари забележа само еден гол и асистенција.