ГО ПЛАТИЈА 75 МИЛИОНИ ЕВРА И ГО ЧЕКАА 15 НАТПРЕВАРИ ЗА ДА СЕ “РАЗБУДИ“ – Ерик тен Хаг открива: “Му реков – верувај во себе!“

Тренерот на Манчестер Јунајтед, Ерик тен Хаг го пофали фудбалерот Расмус Хојлунд во победата по пресвртот против Астон Вила во Премиер Лигата.

Манчестер Јунајтед синоќа губеше со 0:2 на „Олд Трафорд“, но успеа да направи пресврт и да победи, а Расмус Хојлунд го постигна победничкиот гол во 82. минута. Ова е прв гол на Расмус Хојлунд за Манчестер Јунајтед откако летово дојде од Аталанта за 75 милиони евра.

Разговарав со него во неколку наврати. Му посочив дека постигна многу голови за данската репрезентација, дека постигна голови во Лигата на шампионите и покажа што може. Му реков: ‘Верувај и ќе дојде твоето време’. Сигурен сум дека кога ќе го пристигне првиот гол, ќе има повеќе“, изјави Ерик Тен Хаг.

На прашањето дали тоа што нема постигнато гол влијаело на самодовербата на Расмус Хојлунд, тренерот потврдно одговори.

Се разбира, кога напаѓачите не постигнуваат голови, тоа е секогаш проблем, но тој има силен карактер и секогаш е одлучен. Тој го има она што е потребно за да биде напаѓач, а кога ќе продолжите да работите, головите ќе дојдат сами по себе“, вели Ерик Тен Хаг.

Натпреварот против Астон Вила е прв за Манчестер Јунајтед откако пред три дена беше објавено дека британскиот милијардер Џим Ретклиф купил 25 отсто од клубот.

Мислам дека е позитивно што тие се приклучуваат на клубот. Тој има големо искуство на највисокото ниво на спорт – Формула 1, велосипедскиот тим, фудбалските клубови. Тие можат да ни помогнат да ги постигнеме нашите цели. Тие сакаат да работат со нас и сакаме да работиме со нив“, изјави холандскиот тренер.