МВР: Пронајдено оружје и муниција при претрес во битолско, едно лице приведено

– Пронајдени и одземени се 65 патрони ловна муниција, 6 парчиња боева муниција од различен калибар, 1 рамка за пиштол, 1 воздушна пушка калибар 5.5, 1 ловна пушка марка „CZ“ и други предмети кои потекнуваат од кривични дела, при претрес во домот и негови други простории на 39 годишно лице во селото Олевени во Битола, информира попладнево Министерството за внатрешни работи.

Претресот бил изведен од страна на полициски службеници од криминалистичката полиција при СВР Битола во содејство со полициски службеници од полициската станица од општа надлежност Битола врз основа на Наредба за вршење на претрес на дом и други простории од Основен суд Битола.

Како што информираат од МВР, лицето е лишено од слобода и по документирање на настанот ќе следува соодветна пријава.