ГО ПОГРЕБАЛ ПРИЈАТЕЛОТ ПА МУ ЈА ПРЕЗЕМАЛ ЖЕНАТА? Оваа убавица НЕ СЕ ОДДЕЛУВА од познатиот МИЛИОНЕР, година дена се ВО ТАЈНА ВРСКА

Милијардерот Бил Гејтс наводно е во врска со Пола Херд, вдовицата на извршниот директор на Oracle, Марк Херд, повеќе од една година, пишува американскиот портал Page Six.

Марк почина во октомври 2019 година кога имаше само 61 година по долга битка со ракот, а неговата вдовица наводно потоа се впуштила во врска со основачот на Мајкрософт.

Пола порано работеше како извршен директор на NCR, а сега е планер на настани и филантроп.

– Само минатиот месец, Гејтс и таа беа забележани како заедно го гледаат финалето во машка конкуренција на Австралија опен во Мелбурн. Тие дополнително ги поттикнаа гласините за романса кога беа видени како заедно шетаат во австралискиот град – се наведува во текстот.

Пола и Марк во бракот имаа две ќерки, Кетрин и Кели, додека Бил имаше три ќерки Џенифер (26), Рори (23) и Фиби (20) во бракот со Мелинда, кој траеше до 2021 година. Марк и Гејтс беа блиски пријатели и колеги, па веста за оваа врска изненади многумина.