Го подели Которскиот клан, за полесно да владее со подземјето?! Миќуновиќ поттикнал војна меѓу Кавчаните и Шкаљарците во која загинале повеќе од 50 луѓе!
Бранислав Брано Миќуновиќ од Никшиќ беше една од најконтроверзните личности во регионот, додека за некои беше „олицетворение на чојството и јунаштвото“, други го нарекуваа „бог и батина“ на Балканот.
Бранислав Брано Миќуновиќ е роден во 1953 година во Никшиќ, а беше оженет со Светлана, со која ги има синот Ѓорѓе и ќерката Андреа.
Полициските структури на БиХ имаа информации дека Брано Миќуновиќ организирал кражба на неколку стотици килограми кокаин во Валенсија (Шпанија) во 2014 година со цел да предизвика конфликт и раскол меѓу клановите Шкаљар и Кавачк, се тврди во извештајот (досието) на Миќуновиќ, подготвено од црногорската служба.
Според информациите во тој документ, чии делови ексклузивно објави српски Телеграф, Брано Миќуновиќ ја започнал оваа операција поради неможноста да врши контрола врз активностите на которскиот клан, кој дотогаш дејствувал како единствен, а по ова кланот се подели на „Кавачки“ и „Шкаљарски“. Во нивната војна досега се убиени повеќе од 50 луѓе.
Дека оваа верзија не е измислена, сведочи и податокот за кој понатаму се зборува во споменатиот извештај, дека Миќуновиќ одржувал блиски контакти со Давор Трајковиќ од Врање, кој бил директен извршител на кражбата, односно физички го транспортирал кокаинот во станот на Горан Радоман во Валенсија.
– Според оперативните податоци, Миќуновиќ има исклучително блиски односи со Давор Трајковиќ од Врање. Тој преку своите врски му овозможил да стапи во контакт со групи од Руската Федерација, со чија поддршка Трајковиќ обезбедил патна исправа на Руската Федерација и бил стациониран на територијата на споменатата земја – стои во документот на црногорска служба.
Извештајот го обработува и периодот кога конфронтациите меѓу „шкаљарците“ и „кавчаните“ добија полн замав и се прелеаа на територијата на Балканот.
– Во контекст на споменатиот конфликт меѓу спротивставените криминални кланови од Црна Гора, кој се прелеа на територијата на Србија, што резултираше со бројни ликвидации на лица од криминогеното опкружување во Црна Гора и Србија, оперативните наоди укажуваат дека Миќуновиќ во претходниот период логистички и финансиски го поддржуваше „Кавачкиот клан – стои во документот.