Го препознавате ли познатиот актер од фотографијата? Дури и најголемите фанови би згрешиле

Само малкумина би го препознале Пирс Броснан (70) на новите папарацо фотографии.

Познатиот актер, чија најпозната улога е онаа на тајниот агент Џејмс Бонд, беше фотографиран во лежерен стил додека се шеташе во Малибу. Беше во шопинг, па на некои фотографии носи торба во раката.

Има нов имиџ

Многумина забележаа дека Пирс има нов имиџ. Последниве години не ја криеше седата коса, а сега ја исчешла назад и ги скрати мустаќите и брадата.

Броснан неодамна беше фотографиран на плажа во Малибу каде покажа дека е во топ форма. Папараците го уловија додека се возеше со својот велосипед.

Покрај актерските способности, Пирс привлекува внимание и добива пофалби за однесувањето кон сопругата, американската новинарка Кили Шеј. Тие се во брак од 2001 година, а Броснан често истакнува колку Кили му помогнала да помине низ тежок период.