Деспотовски: Факт е дека голем број граѓани ја напуштаат државата, потребно е да се зголеми животниот стандард

Директорот на ТИРЗ, Јован Деспотовски, вели дека факт е дека значителен број луѓе ја напуштаат државата.

Тоа можеме да го утврдиме и да разговараме во уште 3,5 емисии, 5 години или да направиме нешто на оваа тема“, вели Деспотовски.

Според него, еден чекор е зголемување на животниот стандард.

Деспотовски за „ClickPlus“ зборуваше и за зголемувањето на платите во Северна Македонија.

Тој рече дека оваа мерка не е популизам пред избори.

„Континуирано се зголемуваат платите, првпат имаме усогласување на просечната плата, но и платите воопшто во јавниот сектор, платите во образованието се зголемуваат за 18%, зголемен е детскиот социјален додаток во два случаи, култура, судство, Армија… Имаме континуирано покачување на платите и тоа не е популистичка мерка пред избори, бидејќи тие се зголемуваат во последните години“, рече Деспотовски.