Адвокатот Рауфи: Осудените во случајот „Монструм“ да не се амнестираат туку да се ослободат од затвор

Адвокатот Насер Рауфи, кој е и адвокат на дел од осудените во случајот „Монструм“, вели дека во предложениот закон за амнестија се опфатени и двајца од осудените во овој случај.

Но, Рауфи во „Клан долг“ рече дека осудените за убиството кај Смилковското езеро треба веднаш да бидат ослободени бидејќи се невини и дека фактите за ова, според него, се јасни.

„Ова е толку голем парадокс што овие не треба да се амнестираат, туку да се ослободат. Со аболиција мора веднаш да бидат ослободени.

Ова не го кажувам како нивен адвокат затоа што адвокатот може да биде субјективен, но вештаците во случајот „Монструм“ го кажаа“, рече меѓу другото Рауфи.