СДСМ: Мицкоски е мал Груевски, освен блокади ништо друго не знае

Владејачката македонска партија СДСМ го обвини првиот човек на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски за блокирање на евроатлантската рута на земјата.

Од СДСМ велат дека Мицкоски е малиот Груевски и дека не знае ништо друго освен блокади.

Со блокирањето на европскиот пат на државата, тој ја продолжува политиката на неговиот претходник, кој 11 години ја држеше државата изолирана, надвор од ЕУ и НАТО“, нагласуваат од СДСМ.

„Малиот Груевски наместо европска иднина и европски вредности, повисоки плати и пензии, пристап до европскиот пазар од 500 милиони жители и европските фондови, на граѓаните им нуди неизвесност и неизвесна иднина. Сега кога имаме историска шанса за членство во ЕУ до 2030 година, мора да се надминат блокадите на ДПМНЕ“, се вели во соопштението на СДСМ.