„Го сакав тоа за мене и моите деца, но не се случи“ Откако раскина со Пике, Шакира жали само за една работа (фото)

Во новото интервју за Билборд, Шакира раскажа за тоа како верувала дека таа и Пике ќе бидат засекогаш заедно. Во разговорот таа постојано потенцираше дека семејството ѝ било секогаш приоритет.

„Верував во таа реченица „додека смртта не нè раздели“, сакав таков живот за моите деца. Моите родители се заедно повеќе од 50 години и се сакаат исто како од првиот ден кога се запознаа“, вели таа.

“Го сакав тоа за себе и за моите деца, но тоа не се случи. Работата е што бев пррмногу посветена на него и на моето семејство. Ми беше многу тешко да ја одржам кариерата додека бев во Барселона бидејќи секогаш морав да ги менувам плановите. Не можев туку – така да ги оставам децата бидејќи знаев дека им требам“, додала пејачката.

Последнава година многу се пишуваше за раскинувањето на 11-годишната врска помеѓу пејачката Шакира и поранешниот фудбалер Жерар Пике. Причина за разделбата беше неговата афера со тогаш 23-годишната Клара Чиа Марта, а оттогаш Шакира неколку пати ја коментирала ситуацијата во која се нашла.

“Верував во приказната дека на жената и’ треба маж за да се комплетира себеси, нејзиното семејство. Исто така, сонував да имам семејство каде децата ќе имаат татко и мајка под ист покрив”, рече еднаш Шакира.

Во 11-годишна врска, парот доби два сина, 11-годишниот Милан и 8-годишниот Саша.