ГО СОБОРИ НА ПОД СО ЕДЕН УДАР – Пијан гостин почнал да фрла торта по младенците, РЕАКЦИЈАТА на младоженецот ВООДУШЕВИ МНОГУМИНА (ВИДЕО)
Свадбата е еден од најважните и најпосебните моменти во животот на една двојка, а младенците се трудат да го испланираат тој ден до најмалите детали. Сепак, некои ситуации е невозможно да се предвидат.
Така на интернет се појави видео од свадба која тргна наопаку.
Имено, за време на церемонијата на сечењето на тортата, еден пијан гостин со раце ја искинал тортата и потоа почнал да ја фрла по младенците.
Младоженецот со сериозен израз на лицето го забележал неговото ненормално однесување, а потоа го удрил пијаниот гостин и го соборил на под.
Видеото кое прво беше објавено на TikTok, а потоа избришано, почна да кружи на социјалните мрежи, а видеото собра повеќе од два милиони прегледи само на Твитер.
„Секоја чест за младоженецот“, „Да сум јас невестата, овој човек ќе поминеше лошо. Тортата вреди, а некои младенци замрзнуваат парче да јадат една година подоцна, им ја уништи свадбата“, „Колку чини тортата ? Да сум јас на местото на младенците ќе го тужев барем за тоа“, „Толку е пијан што не можеше ни со парче торта да ги удри“, „Ова е навистина глупо“, се само дел од реакциите на социјалните мрежи.