Го уништив бракот на мајка ми заради 1300 евра! Девојка се шокирала откако откри кој е нејзиниот најголем обожавател! (ВИДЕО)
Талија Медисон откри дека го уништила бракот на нејзината мајка откако дознала дека нејзиниот очув потрошил речиси 1.330 долари на некои нејзини фотографии и видеа на веб-страница.
Австралијката Талија Медисон, која исто така објавува видеа на TikTok, додаде дека партнерот на нејзината мајка отишол чекор подалеку и побарал повеќе „приватни содржини“.
„Го уништив бракот на мајка ми, не планирав да ја раскажам оваа приказна на TikTok, но еве ме“, вели таа во видеото.
„Значи, кога првпат започнав со работа на мојата веб-страница, го имав овој човек кој беше мој клиент број еден, тој купуваше сè што му испраќав, тој беше мој следбеник од самиот почеток. Разговаравме секој ден, тој правеше сопствени барањаи тој имаше многу специфично корисничко име на веб-страницата“.
Работата да биде уште полоша, девојката го познавала својот очув уште од 11-годишна возраст.
За два месеци, корисникот кој исто така имаше профил на TikTok со истото име – потроши скоро 1.300 долари на нејзината содржина.
Додека Талија беше на TikTok, видела дека корисникот е и во нејзините телефонски контакти.
„О Боже, контактот доаѓа од моето семејство. Целосно полудев обидувајќи се да сфатам која е таа личност од моите контакти“, додаде таа, пишува Net.hr.
„Изборот го намалив на шест лица, а еден од нив беше мојот очув. Отидов со моето претчувство и испратив порака на сметката на веб-страницата и реков: „Знам кој е ова“.
Во рок од две минути, добив порака од мојот очув во кој пишуваше: „Еј Талија, може да разговараме?
Но, манекенката открила дека кога се соочила со нејзиниот очув, тој се потресил. Талија тогаш открила дека нејзината мајка го избркала човекот.
„Но, да, ако сакате да зборувате за семејната траума, мојот очув два месеци ме гледаше како имам секс со мојот партнер“, заклучила таа.