Јокиќ се шокира, не можеше да верува што гледа! Асот на Лејкерси шета со топката во раце, а судијата не реагира! Дали е фер? (видео)

Кошаркарите на Денвер доминантно играат против Лејкерс во финалето на Западната конференција и сега водат со 3:0 во серијата.

Леброн Џејмс и остатокот од екипата се апсолутно немоќни во дуелите против Нагетс, а некои навивачи сметаат дека на Лејкерси им помагаат судиите.

До ваков заклучок дојдоа по синоќешниот натпревар, бидејќи судијата во еден момент не му досуди „чекори“ на Денис Шридер, кој одеше со топката на неколку метри од него, разговараше со судијата и ниту еднаш не ја спушти топката.

Погледнете ја неверојатната снимка од третиот натпревар од финалната серија која ги обиколи социјалните мрежи: