Земјотрес од 5,6 степени според Рихтер ја погоди северна Калифорнија

– Земјотрес со интензитет од 5,6 степени според Рихтеровата скала е регистриран денеска крај бреговите на северна Калифорнија, соопшти Американскиот геолошки институт.

Земјотресот се случил во 11:44 часот по локално време, на повеќе од 100 километри западно од Ферндејл во округот Хумболт, додаде Американскиот геолошки институт.