ПОШТАР СЕ ОПИЈАНИЛ И ПОЧНАЛ ДА ДЕЛИ ПЕНЗИИ ВО КАФАНА: Ги „наградувал“ гостите со туѓи пари, па се степале кој повеќе да земе

Во Бјелина е уапсен поштарот Никола Б, откако пијан почнал да дели пензии во кафана во овој град, а гостите се степале кој ќе земе повеќе пари.

Како што пренесуваат порталите од Република Српска, поштарот толку се напил во кафеана што во еден момент ја отворил торбата во која имал неподелени пензии и почнал да им дели пари на други гости.

Во еден момент дошло до расправија меѓу гостите и тепачка , а потоа во кафаната дошла полициска патрола и го однела поштарот во станица.

Инаку, поради овој инцидент, полицијата го повикала на информативен разговор и директорот на Пошта Српска, работна единица во Бјелина.