СЕ ПОТЕШКА СОСТОЈБАТА ВО БОЛНИЦИТЕ ВО ГАЗА: Починати две предвремено родени бебиња, на интензивна нега нема струја

Невладината организација Лекари за човекови права-Израел (ПХР-И) соопшти дека две предвремено родени бебиња починале во болницата Ал Шифа во Газа.

Според PHR-I, одделот за неонатална интензивна нега престанал да работи бидејќи последниот генератор што ја снабдувал болницата со електрична енергија бил оштетен во израелските напади, јавува Би-Би-Си.

„Уништувањето и убивањето достигнаа неразбирливи размери“, се вели во објавата на платформата Икс (Твитер).

Тоа укажува и на недостаток на струја, вода и кислород во главната болница во Газа.

„Сликата што ја гледаме сега во Шифа повеќе не е хуманитарна катастрофа – тоа е колективна смртна казна“, наведува PHR-I.

Израелската армија негираше дека цел била болницата Ал Шифа, но призна дека се водат борби „околу“ здравствената установа.