Аровска предлага нова локација за споменикот на Ќосето

– Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска достави иницијатива до Советот на Град Скопје за одредување нова локација на спомен обележјето на македонскиот револуционер Андон Лазов Јанев – Ќосето. Локацијата  ќе се наоѓа на крстосницата помеѓу булеварот „Александар Македонски“ и булеварот „Беласица“ североисточно од кружниот тек, соопшти Град Скопје.

– Оваа точка што поскоро  да биде ставена на дневен ред во Советот на Град Скопје, така што единствен начин да се исправи неправдата, е да се оддолжи  на луѓето кои го дале својот живот за независна и суверена Република Македонија, како и  да се паметат  и чествуваат хероите од кои ниту еден не смее да биде заборавен, се наведува во соопштението.