Хрватите тврдат: Навивачите на Динамо не го убиле Михалис, ова видео е доказ! Погледнете на што се базираат нивните тврдења…

Кој го уби Михалис?

Хрватските медиуми имаат теорија според која за тоа злосторство не се одговорни ,,Bad Blue Boys”… За цел настан има видео снимка.

Таа пред неколку дена се појави во скратена верзија (во траење од пет минути), додека хрватскиот „Вечери лист“ наведува дека видеото до кое дошле е дел од полицискиот запис од кој се гледа дека во конфликтот немало хрватски навивачи. Ова видео наводно би можело да биде клучниот доказ за ослободувањето на навивачите на Динамо.

– Сè почнува во 23.03, кога на видеото се гледа навивач во бордо кошула (наводно убиецот) и навивач во сина кошула (несреќниот Михалис), додека се завршува во 00.49 часот. За тоа време камерата ги следела и двајцата и во 23.08 часот било забележано дека трчаат заедно по тепачката со навивачите на ,,BBB” и Панатинаикос и дека тука најверојатно дошло до пресекот.

Погледнете го видеото од 05.00 минути, каде можете да ги видите деталите на кои инсистираат Хрватите:

За потсетување, навивачот на АЕК, Михалис Кацурис,, загина во судирите што се случија на 7 август пред стадионот на АЕК пред натпреварот меѓу екипите од Атина и Динамо Загреб во третото коло од квалификациите за Лигата на шампионите.