ХАФИР ХОЏА: Ахмет Красниќи го убиле Албанци! Откриено кој наредил да не се користат симболи на „ОВК“ на погребот

Поранешниот командант на воената полиција на ОВК, Хафир Хоџа, изјави дека еден од основачите на таа организација, Ахмет Красниќи, кој воедно бил и прв министер за одбрана во владата во егзил на Бујар Буковиќ, бил убиен од Албанци, пренесува Газета Експрес.

Хоџа изјави дека не се знае кој го наредил убиството на Красниќи.

„Знаев дека Ахмет Красниќи ќе ја посети касарната во Албанија. Не знам кој ја донесе одлуката, но сигурен сум и верувам дека Албанците лесно можеа да го извршат тој чин, но не знам од каде дојде нарачката, но тоа ми е сомнително“, му изјави Хоџа за Клан Косово.

Тој додава дека Иса Мустафа бил тој што наредил да не се користат симболи на ОВК за време на погребот на Ахмет Красниќи.

Една недела пред тоа се подготвувавме да испратиме единица војници на Косово и затоа беше бесмислено да го закопаме како цивил, рече Хоџа.

Красниќ беше убиен на 21 септември 1998 година во Тирана, а околностите на убиството никогаш не се разјаснети.