ГО ЧЕКА ДОЛГ ЗАТВОР! Поранешен фудбалер осуден на 30 ГОДИНИ ЗАТВОР за ДРОГА И ОРУЖЈЕ!

Поранешниот фудбалер на бројни англиски нисколигаши, Вејн Мекензи (48) е осуден на 30 години затвор поради дрога и оружје.

Тој е осуден бидејќи тој и неговиот брат Крег (41) воделе меѓународна мрежа за дрога и оружје. Крег, од друга страна, доби 20 години затвор, а наводно биле фатени во 2020 година откако била хакирана телефонската мрежа „EncroChat“.

Во пресудата се наведува дека Вејн и Крег им снабдувале на дилерите во Велика Британија со кокаин и канабис од Холандија, Шпанија и САД, а поранешниот фудбалер е осуден за шест кривични дела, наведува Би-би-си !

Во текот на својата играчка кариера, Вејн Мекензи играше во англиските пониски лиги и во неколку професионални тимови во Скандинавија, објави Националната агенција за криминал (NCA).