Џенифер Лопез откри зошто на неа и на Бен им биле потребни 18 години за да се повторно заедно

Џенифер Лопез откри дека никогаш не планирала да се врати со Бен Афлек. Лопез гостуваше во радио емисијата Kyle and Jackie O Radio Show, каде зборуваше за врската со познатиот актер, а особено изненади со изјавата дека мора да се „пронајде себе “ по нивната неуспешна свршувачка во 2004 година.

„Се заљубив во љубовта на мојот живот и од различни причини моравме духовно да растеме и да правиме други работи. И двајцата имавме односи со други луѓе, имавме деца, но секогаш ја имав мислата во мојата глава: „Добро, тоа нашето се случува еднаш во животот.’ А кога се вративме заедно, едноставно не можев да поверувам. А знам дека ни тој не го стори тоа. Навистина не го планиравме тоа“, изјави пејачката.

Инаку, познато е дека Лопез и Афлек почнале да се забавуваат во 2002 година, а подоцна истата година се вериле. Сепак, парот се раздели во 2004 година, откако ја одложи својата венчавка една година претходно. По години разделба, Лопез и Афлек конечно се обединија во 2021 година и се венчаа во 2022 година.

“Не можев да верувам, а мислам дека не веруваше ниту тој. Не го планиравме тоа. Навистина продолживме со нашите животи, но кога повторно се поврзавме, тоа беше речиси моментално и само знаевме”, рече таа.

После тоа Лопез зборуваше и за мајчинството, бидејќи со Марк Ентони ги има 16-годишните близнаци Макс и Ема. Од друга страна, Афлек има две ќерки, Виолет (18) и Серафина (15) и син Семјуел (11) од бракот со Џенифер Гарнер.