Се е подготвено за трансферот за кој ќе се зборува: Мбапе добива ОГРОМНИ пари, испливаа ДЕТАЛИ!

Целиот фудбалски свет се тресе поради голем трансфер кој може да се случи наскоро. Килијан Мбапе сигурно ќе го напушти ПСЖ , а е на чекор од Реал Мадрид , а шпанските медиуми објавија детали кои ќе ја шокираат планетата.

Весникот „АС“ наведе дека трансферот на Мбапе во Реал е завршена работа и дека за пет години тој вкупно ќе изнесува половина милијарда евра!

Реал ќе плати 128.000.000 евра во кеш, а 265.000.000 преку позајмица. Се очекува огромна заработка поради новиот стадион, па Реал ќе има простор за ваков трансфер.

Скратени се и платите на играчите, за Килијан Мбапе да добие се што ќе посака, па кога во целиот бизнис ќе се вброи и неговата плата која ќе биде астрономска, ќе добиеме огромна сума пари и сума од половина милијарда за пет години.

Покрај Мбапе во тимот на Реал следната сезона би можеле да го видиме и Ерлинг Халанд, барем така тврди истиот весник кој посочува дека Флорентино Перез е подготвен да и претстави на планетата нови „галактикоси“.