Го јадеме за холестерол, а може да ни го уништи органозмот: Малкумина знаат дека предизвикува голем проблем

Го намалува нивото на лошиот холестерол, го штити срцето и крвните садови. Цвеклото е одличен лек за анемија бидејќи содржи висок процент на железо, како и фолна киселина која учествува во синтезата на црвените крвни зрнца.

Нутриционистката Ирина Бородина предупредува дека цвеклото може да биде штетно за луѓето со одредени заболувања.

„Цвеклото и покрај многуте позитивни својства може да му наштети на организмот, вели Ирина Бородина. Луѓето кои боледуваат од гастритис не треба да го консумираат ниту сирово ниту варено бидејќи ќе ги зголеми симптомите. Исто така, цвеклото содржи голема количина на калциум оксалат, па затоа треба да се користи со претпазливост кај пациенти со уролитијаза“, тврди таа, додека рускиот лекар Михаил Кутусов предупредува дека може да предизвика алергиски реакции.

„Поради големото количество на хлор во составот, прекумерното консумирање на цвекло може да предизвика иритација на слузокожата, пецкање и воспаление на грлото. Доколку чувството на печење не исчезне подолго време, тоа значи дека има алергиска реакција. Може да предизвика појава на осип, отекување на органите за дишење, лимфни јазли може да се зголемат па дури да предизвика и треска“, рече тој и посочи дека е особено штетен во комбинација со лук.