Грабежи во Милано во стилот на Пинк Пантер! Уапсени двајца Срби: Украле вредно злато а само од вино ,,спечалиле” 200.000 евра (видео)

Во Милано полицијата уапси двајца државјани на Србија, на возраст од 56 и 66 години, кои се осомничени дека се извршители на бројни кражби извршени во периодот од октомври до декември во златарници, хотели и луксузни продавници во модниот кварт а однеле плен од 450 илјади евра.

-Истраги се започнати по кражбата на ланче од 123.000 евра од златарница, а истите лица од хотелот „Четири сезони“ украле 10 шишиња вино во вкупна вредност од 200.000 евра – пренесуваат италијанските медиуми и додаваат:

– На почетокот на ноември двајцата заедно со трет соучесник извршиле уште една кражба во златарница во склоп на друг хотел од каде одзеле ланче од 100.000 евра.

Според нив, последниот грабеж бил кога било украдено шише шампањ „Дом Перињон“ вреден 3.200 евра.

-Сторителите се идентификувани, двајца се уапсени, се трага уште по двајца, но не се знае дали и тие се државјани на Србија.