ВИДЕО | КРИСТИЈАНО РОНАЛДО ЈА РАСПЛАКА МАЈКА СИ – Погледнете го новогодишното изненадување во режија на легендарниот Португалец

Кристијано Роналдо уште еднаш покажа колку неговата мајка му значи во неговиот живот.

Португалецот на новогодишната ноќ „одлета“ во родната Мадеира за да го прослави крајот на календарската година заедно со неговата мајка Долорес, а ја искористи приликата да купи посебен подарок.

Кристијано Роналдо на мајка си и подари нов автомобил „Porsche“, а видеото од реакцијата на неговата мајка заврши на социјалните мрежи.

Мајката Долорес Авеиро се борела да ги задржи солзите откако сфатила каков подарок добила.

Автомобилот бил завиткан во огромна црвена лента врзана во машна, а Долорес Авеиро била обземена од емоции додека го гушкала внукот пред да влезе во автомобилот за првпат.

На мајката потоа накратко и било покажано како функционира новиот автомобил додека нејзиното семејство, вклучувајќи го и самиот Кристијано Роналдо, гледале од гаражата. Сестрата на Кристијано РоналдоКатја, му честиташе на својот брат на социјалната мрежа Инстаграм за дарежливиот подарок за нивната мајка.

Ако е среќна, тоа е затоа што нејзиниот син се сеќава на неа, а не поради вредноста на подарокот. Почитувај ги татко ти и мајка си и твоите денови на земјата ќе бидат продолжени“, напишала сестрата во пораката.